Радио Милева

Првата сосетка на Жељко и Јована Јоксимовиќ откри тајни на двојката: „Искеширале 2,5 милиони за оваа куќа?!

Првата сосетка на Жељко и Јована Јоксимовиќ откри тајни на двојката: „Искеширале 2,5 милиони за оваа куќа?!

Јована и Жељко Јоксимовиќ неодамна се преселија во елитен дел на Белград, од стан во куќа, и иако сè уште не биле во можност да сезапознаат со своето ново соседство, фасцинирани се што славната двојка сега живее близу нив.

„Жељко го гледам скоро секое утро, тој е како швајцарски часовник, секогаш ја напушта куќата во исто време, помеѓу 8 и 8,30 часот. Тој вози неколку црни, скапи автомобили и секогаш е среден кога излегува надвор, врвен. Сепак, јас не стигнав да се запознам официјално, а со Јована да “, рече извесна Јованка, додавајќи дека презентерката е опуштена и со шминка е само на телевизија.

“Јас неколку пати сум зборувала со неа од кога се преселиле. Таа секогаш е ведра, насмеана и многу спонтана. Кога е дома, таа е постојано со своите деца. Тие често се во дворот, си играат … Тие се слатки, трчаат, врескаат, скокаат, вистинско среќно семејство. Потоа, таа е во опуштено издание, нема шминка,  многу е природна. Парот ја купи куќата од Ивана Мишковиќ и Горан Кариќ.

Јоксимовиќ со години живееше во стан во Врачар, кој беше во сопственост на Жељко уште пред Јована да стане негова сопруга. Кога решија да ја купат куќата, одлуката падна да се преселат во елитната населба. Локалните медиуми објавија дека овој семеен дом ги чинел 2,5 милиони евра.

фото:инстаграм

“Иван живееше тука со години. Тие беа одлични соседи. Многу пријателски луѓе. Не знам зошто се преселија после толку години, но се вели дека им биле потребни пари, па ја продале куќата”, заврши Јованка.

Додека некои имаат само убави зборови за Јоксимовиќ, сосед кој живее во близина на пејачот и водителката не може да верува дека околу нив се крева многу прашина.

“Зошто се толку важни за вас? Па, тој е само пејач и таа е презентер, има многу поважни луѓе од нив. Па, не е Жељко Никола Тесла”, рече господинот, кој воопшто не е среќен што живее близу популарената двојка.

To top