Александра Пријовиќ ужива во хармоничен брак со Филип Живојиновиќ, а малкумина знаат дека некогаш била во врска со популарен пејач.
Пејачката Александра Пријовиќ беше во врска со Љуба Перучица пред нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, со кој го има синот Александар. Сепак, на самиот почеток на кариерата се забавуваше со Амар Гилет Јашарспахиќ.
Поминаа повеќе од 10 години откако Амар Гиле победи на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ и на тој начин се прослави себеси и својот роден град – Какањ.
Освен по песните и неверојатниот глас, публиката од тој период го памети и по љубовите кои ги имал.
Млад, згоден и шармантен привлече многу девојки во своето друштво, но тогаш само една успеа да го освои неговото срце – Александра Пријовиќ.
Нивната врска беше многу бурна, а по неколку раскинувања и помирувања ја прекинаа љубовната врска во 2013 година. Се шпекулираше дека Амар ја оставил Александра за друга девојка. Во 2014 година, Александра и Гиле издадоа дуетска песна наречена „Ма пусти понос“.
– Ја сакам ужасно и за мене нема подобра пејачка од неа. Но, тоа со неа беше занес, нешто детско, тоа не беше врска – рече Амар своевремено за „Гранд њуз“, а потоа додаде:
– Не се среќавам со Александра. Се гледавме поради нашата дуетска песна што ја изведувавме во емисиите на Гранд, но одамна немаме никаков контакт. Имаме добри односи, навистина ја ценам и почитувам. Се што се случи, се случи одамна и не се разделивме во расправија.
По врската со Александра, Гиле стапи во брак со сопругата Ена. Имаа син, но нивниот брак не траеше долго.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Соња Спасиќ/Дамир Дервишагиќ