На 25 јуни (четврток) во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.
Марија Ќурчиева (родена 2002) учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сѐ уште е ученик (отсек сликарство).
Покрај формалното образование Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст.
Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот “Creative minds of the world” (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот.
Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.
„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.