Српската пејачка Романа Паниќ е осудена на една година затвор поради ограбување на банкомати во Австралија.
Пејачката по два месеци има право да излезе на условна слобада во Австралија, а по издражувањето на казната ќе биде депортирана во Србија и ќе и биде забранет влез во Австралија.
Првпат по скандалот, на „Инстаграм“ профилот на пејачката осамна објава која набрзо беше и избришана.
Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“, Романа реобјави објава на една женска личност за која се претпоставува дека се блиски.
„Гледајте си ја својата работа, а не само да продавате весници и да пишувате лаги за личност која не ја познавате. Срам да ви е, немате срам. Сакам вечерва добро да се наспиете, за да утре имате уште поголема инспирација….бидејќи вие знаете“, пишува во објавата на која е означена Романа, а која ја сподели на социјалните мрежи.
Меѓутоа, набргу по објавувањето на објавата, истата беше и избришана од „Инстаграм“.