Милан Поповиќ гостуваше во емисијата кај Милорад Мариќ и првпат јавно проговори низ што поминал со Северина, па откри и непознати детали од нивниот однос.
Познатиот бизнисмен и поранешен сопруг на Северина, Милан Поповиќ една година се бори да го добие старателството над синот кој го доби со хрватската пејачка.
Поповиќ во телевизиска исповед сега отворено зборуваше за пејачката и откри дека таа има две лица – едно за јавност и другото кое го покажува кога е бесна и хистеричина. Тој тврди дека неколку пати се обидел на цивилизиран начин да разговара со Северина и да најдат заедничко решение кое ќе биде најдобро за нивниот син. Тој тврди дека мајката на неговиот син во одредени моменти чудно се однесувала и тој се посомневал дека користи некои супастанци.
„Мојот предлог секогаш беше – Северина ти работи си ја својата работа, јас го имам целото време на светот, остави го синот да биде кај мене. Кога има време нека дојде нека го земе, тој предлог уште важи. Мајката мора да го води детето кај доктор. Јас најдов докази дека Северина не се грижеше за детето, се тоа се приказни за медиумите, дека е грижлива мајка, дека и се омдаздувам. Се уште зборува за тоа од инат и љубомора. За мене таа емотивна врска заврши по шест месеци. Три месеци бевме во врска, другите три месеци поминаа во недоразбирања, да не кажам во кавги. Јас заминував секогаш кога ќе дојдеше до хистерија и обид за кавга. Кога побарав да се тестираме на дрога, за да имаме доверба еден во друг, таа одби и настана кавга. На крајот, кога разговарав со експерти сфатив дека тоа е причината на нејзините осцилации кои не сакав да ги трпам“.
Синот не го носела на училиште 45 дена и за малку да повторува.
„Јас не сум маж на Северина, никогаш не стигнав да бидам нејзин сопруг. Не е вистина се што се пишува во медиумите, ниту се што зборува Северина. Причината поради која и беше намалено времето да го гледа детето беше затоа што 46 дена не го водела детето во училиште. Тогаш, Центарот за социјална работа и судот донесоа одлука дека имаме се 50- 50, сите празници, но кога детето оди на училиште да биде кај мене. Таа не го водеше детето во училиште 46 дена, нема оправдување за тоа, детето требаше да оди на училиште. Тој требаше да повтара во одделнието, да полага испит, среќа беше корона, па се беше онлајн, па тој и јас два месеци работевме заедно за да положи. Не е вистина што Северина тврди дека системот ја малтретирал, дека и било одземено детето. Таа е медиумска личност, таа живее од вести, фотографии, текстови. Еднаш таа ми кажа баш вака, го цитираше Горан Бреговиќ: „Пишувајте се што сакате, но само ставете убава фотографија“.
„Таа пресуда за Северина не беше казна, судот и центарот детето да живее со мене бидејќи го водев на училиште, се грижев за неговите примарни и секундарни потреби. Во меѓувреме судот од Сплит мораше да се повлече од оваа приказна бидејќи Северина е од Сплит, што би рекол еден мој пријател – кога Северина ќе крене прст во Сплит, пее цел Сплит. Изгледа дека пее и судот во Сплит. Тој суд донесе одлука која нема врска ниту што е најдобро за едно дете Пресудата е 14 дена кај мама, 14 дена кај тато, потполно се игнорираа. Таа се жалеше на пресудата во Загреб. Ако гледаме на пресудата за човекови права, поентата е да се обезбеди правилно судење и кој ја гледа постапката да каже дека е правилно судење, а како може да биде правилно кога јас сум мал Србин во Хрватска против големата Северина во Сплит, во нејзиниот роден град
Милан тврди дека Северина има две лица – едно за медиумите каде што е мила, драга, љубезна и друго кое може да го видат само нејзините блиски кога е бесна и хистерична и тоа во големи размери.
Поповиќ дека поранешниот на Северина, Игор Којиќ го чувал нивното дете и е благодарен на тоа.
„Јас не тврдам дека Северина е гржлива мајка. Таа не му се посвети на детето, таа не поминуваше време со него, не го водеше во училиште. Со детето беа разни личности. Игор и јас не запознавме, се видовме еднаш или двапати. Но, додека и беше партнер на Северина тој се грижеше за детето. Александар го сака и сега ме прашува кога ќе дојде Игор и многу сум му благодарам. Секако подобро Игор да беше со детето отколку таа нејзина околина“.
Тој тврди дека пејачката побарала од него да се откаже од синот, а кога одбил започнал судскиот спор.
„Тоа е за серии дека се уште сум заљубен во неа, дека сум опсесивен. Нашата емотивна врска за наш заврши по три месеци. Во текот на бременоста Северина побара да се откажам од детето. Зошто? На еден од последните договори пред да започне судскиот спор, јас и понудив да бидам тука, да ја подржувам материјално, што треба за неа и за детето, но да поминуваме време исто како и претходно, но таа одби, сакаше да се откажам од детето, но јас не се откажав. Три дена после тоа започна судскиот спор“.
Северина на Инстаграм објави дека повторно добила тужба од Поповиќ и дека веќе има 70 спора, но тој тврди дека пејачката лаже.
„Тоа таа зборува, не е вистина. Постојат три или четири спора. Јас се жалев на премиерот за постапката на Центарот, се жалев овде, онде, им пишував на медиумите, а таа се тоа го смета како 70 тужби. Јас барав еден спор во кој побарав да не се објаувуваат фотографии од детето на социјалните мрежи“.
До објавувањето на текстот во српските медиуми, Северина не одговорила на повиците.
фото: принтскрин/јутуб/инстаграм/северина/рајко ристиќ/ало/весна лалиќ/рас србија/принтскрин