Иако со месеци беше под будното око на јавноста поради учеството на Евровизија, пејачката Ана Ѓуриќ, позната по уметничкото име Констракта значително се повлече по завршувањето на овој фестивал.
Да потсетиме, Ана по Евровизија даде само неколку интервјуа, нагласувајќи дека едвај чека да се врати на своето многу помирно секојдневие.
Токму еден момент од тоа, таа самата сподели на социјалните мрежи, што предизвика лавина од воодушевени реакции, и поради тоа што ретко објавува фотографии, и затоа што уште еднаш покажа колку е единствена.
Имено, Ѓуриќ на Инстаграм објави фотографија од плажа, но за разлика од повеќето нејзини колешки, таа не позираше во предизвикувачки костим за капење, туку напротив, беше облечена во црно од глава до пети, додека две девојчиња лежеа покрај неа во бикини.
„Констракта повторно ја откри тајната за здравата коса на Меган Маркл“, „Одржа лекција на сите овие пејачки кои се сликаат голи, а потоа се чудат зошто никој не ги гледа како уметници“, „Уметникот мора да биде облечен на плажа“ „Како таа ме воодушевува секој пат, чудо“, продолжија коментарите на Твитер.
За потсетување, Ана Ѓуриќ Констракта го привлече вниманието на тамошната публика како пејачка на бендот „Земља Грува“, а потоа со високото петто место на овогодинешната „Евровизија“ со песната „Ин Корпоре Сано“ ја направи горда целата нација.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Констракта/З.Илиќ/О.Буниќ