По повеќе од еден месец Дарко Лазиќ вчера ја напушти болницата во Земун и замина на лекување во болница.
При излегувањето од болницата, Лазиќ кратко изјави: „Добро е, оди на подобро“.
Имено, следниот период пејачот ќе продолжи со лекување во бања, а негова најголема поддршка се неговото семејство, колегите, свршеницата Марина и неговиот менаџер Миљан Враќевиќ.
Имено, неговиот менаџер на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија со пејачот кој повторно е насмеан.
„Му благодарам на Господ, здравјето се враќа, тоа е мојот брат“ напиша Миљан во описот на фотографијата.
За потсетување, Лазиќ пред еден месец доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на неговиот крај по што беше во животна опасност.
Лазиќ полека оздравува, а по излегувањето од болницата продолжи да се лекува во бања.
Имено, пејачот следната година повторно ќе стане татко и тоа на дете кое го чека неговата свршеница Марина.