Војвотката од Сасекс, Меган Маркл официјално се врати на своите кралски обврски.
Повод за нејзиното прво официјлно појавување по породилното отсуство беше претставување на нејзината модна креација „Smart Set“ која сама ја креираше во организација со „Smart Works“.
Војвотката од Сасекс осум месеци работела на хуманитарната колекција на облека за жени кои се враќаат на работа или бараат нова работа по породувањето.
View this post on Instagram
Колекцијата содржи пет модели на облека со различни бои, а се наменети за жени со ниски финасиски примања. Целиот приход од облеката ќе оди во хуманитарни цели.
Меган се појави во одлична официјална комбинација односно во црни панталони и бела кошула.