Ана Бекута минатата година го загуби својот животен сопатник Милутин Мркоњиќ, па и требаа неколку месеци да се соземе, за да одлучи повторно да влезе во студио. После паузата избра да направи дует со младата пејачка Зорана Симеуновиќ.
Во ресторанот „Липов лад“, Ана и Зорана го снимија спотот за песната што ја напиша сопругот на Зорана, познатиот композитор Стева Симеуновиќ. Младата колешка била толку трогната што заплакала пред камерата.
– „Знам низ што помина Ана во последните месеци, а јас бев почестена, но и трогната кога се согласи на соработката. Покажа дека е голем уметник но и голем човек“ – низ солзи рече Зорана, додека Ана остана доследна на одлуката да не дава изјави до годишнината од смртта на Мрка, но со задоволство позираше со Зорана пред насобраните фоторепортери.
Песната „Грам“ својата премиера ќе ја има во мај, а за тогаш е закажана и промоцијата на првиот албум на Зорана.
фото: принтскрин/инстаграм/zorana.simeunovic