Мегафон

Прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“

Прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“

Во организација на ансамблот „Григор Прличев“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, на 16, 17 и 18 септември ќе се одржи првиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“.

На 16 септември, фестивалот ќе се одржи во  Домот на АРМ, со почеток во 18:30 часот, на 17 септември, во централниот парк во Ѓорче Петров, исто така со почеток во во 18:30 часот, додека третата фестивалска вечер на 18 септември ќе се одржи на игралиштето „Бранители“ во Волково, со почеток во 19 часот.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, гости на фестивалот ќе бидат фолклорни групи од земјава и регионот.

To top