Радио Милева дарежлива

Прв дојден, прв услужен: Сара Мејс усреќи една следбеничка, а дома си ослободи простор (фото)

Прв дојден, прв услужен: Сара Мејс усреќи една следбеничка, а дома си ослободи простор (фото)

Познатите личности  особено оние кои  имаат постојано снимања и активности пред јавноста за да бидат успешни во тоа мора и да изгледаат убаво.

Сепак да го доведат изгледот до совршенство,  потребно е да вложуваат во себе и да купуваат доста квалитетна спортска опрема со која може слободно да спортуваат.

Една од нив е македонската поп пејачка и харфистка Сара Мејс која ако не е на сцена редовно се снима и подготвува интересни видеа за следбениците на Инстаграм.

Таа на мрежите редовно покажува дека го преферира природниот изглед и здравиот начин на живот па спортувањето за неа е дел од секојдневието, а високите потпетици лесно ги заменува.

Оттука разбирливо е дека нејзиниот плакар е огромен и преполн и со опрема од која понекогаш  треба и да се ослободи за да направи место за нова.

Сара постојано е во комуникација со нејзините обожаватели и следбеници, па сега сакаше да направи една поразлична интеракција со нив откако одлучи да ги  подари  нејзините чизмички за борд.

– Женски, сакам да ги подарам моите стари чизми за борд на некоја од Вас, 39 број. Првата што ќе ги побара нејзини се  – напиша таа.

Имено стануваше збор за носени чизми  кои одлично ги сочувала, а ги возела само неколку сезони.

А со оглед на тоа дека има голем број на следбенички кои се нејзини фанови , нејзиното сандуче за пораки веројатно се преплавило со пораки за која попрво да ги добие  и да има нешто од неа.

Така таа веднаш напиша дека ги подарила, и си ослободила место за нови, а си доби и многу нови симпатии од следбениците.

фото: printskrin/instagram/sarahmace__

To top