Иако во саботата заврши 64-то издание на Евровизија, впечатоците и коментарите за истата не престануваат да стивнуваат.
Имено, Тамара Тодевска не претстави со песната „Proud“ и го освои осмото место, а досега тоа е најдобар пласман на Македонија на Евровизија.
По неколку дена од финалето, евровизиската „Proud“ веќе доби повеќе од милион прегледи на „Јутуб“, а веќе неколку дена е во „трендинг“ на „Јутуб“.
Иако Тодевска не победи, многумина ја нарекоа морален победник.
За нејзиниот настап во финалето на Евровизија постојано се пишуваат позитивни коментари од целиот свет.
„Секоја чест Тамара, уби како пееше, песната е врв, а ти си преубава. Браво“, „Вака се пее и настапува, секоја чест. Штета што не победи“, „Тамара требаше да победи, срцето ми отиде во грло од среќа што цело време беше прва на листата. За нас, таа е наша победничка“, „Ја видовме Мадона, Тамара е многу подобра од неа“, „Мој победник за 2019. Благодарам Тамара за ремек – делото“, се само некои од коментарите на социјалната платформа „Јутуб“.
За потсетување, по враќањето од Тел Авив, Тодевска истакна дека таму остварила многу контакти и дека можеби од се тоа ќе испадне некоја соработка, а како што кажа следната недела има состанок во Бугарија за нова песна која ќе излезе пред летото.