Рап ѕвездата Иги Азалиja поминува низ исклучително тежок период, откако нејзините голи фотографии и секс клипче се појавија во јавноста. Освен аматерските материјали на Интернет се појавија и голи фотографии на Иги снимени од екипата на списанието „GQ“. Таа рече дека позирала за насловната страница на списанието но со прикриена голотија. Голите слики биле земени без знаење и дозвола на Иги, знаејќи дека некогаш ќе го видат светот.
„Не можам да поверувам дека овие фотографии не биле избришани веднаш од серверите на списанието“, вели таа. „Се чувствувам измамено, луто и засрамено. Во моментов сум со многу негативни емоции“ – искрено тврди раперката.
Секс клипот кој се појавил паралелно со сликите на GQ очигледно е направен од поранешниот вереник на Иги.Тоа е играчот на Л.А. Лејкерс, Ник Јанг, со кого рап-ѕвездата се раздели во 2015 година.
„Тоа е како атомска бомба, која не само тие уништува емотивно, туку и остава деструктивна трага во односите со луѓето кои се најважни за вас“.
Иги објави дека сите нејзини профили за социјално вмрежување ќе останат неактивни додека не се справи со психолошките последици од она што и се случило.