Рафаел Надал и Марија Франциска Перељко ја крунисаа 14 годишната врска со брак, а за венчавката не престанува да се зборува.
Церемонија и свадбената веселба се одржаа на Мајорка во замок од 17-ти век, кој се смета за најскапата приватна сопственост во Европа.
Целото случување беше затворено за јавност, па гостите можеа да влезат на имотот само без мобилни телефони.
Меѓу гостите беа поранешниот крал на Шпанија Хуан карлос и неговата сопруга Софија, а од светот на тенисот: Фелисијано Лопез, Марк Лопез, Хауме Мунар, Давид Ферер, Алберт Коста, Карлос Моја и други.
Двојката нема да оди на свадбено патување, бидејќи Рафа планира да игра на Мастерс во Парис, но тие практично веќе тоа го направија, бидејќи неодамна беа на Бахамите.
Сепак, колку и да се трудеа да ги сокријат деталите, фотографии од нив се појавија во јавност.