Откако стана дел од кралското семејство, за Меган Маркл најчесто читаме само позитивни коментари и во суперлатив. Меѓутоа, сега се појавија шокантни детали од нејзиното минато.
Имено, со поранешниот партнер Тревор Енгелсон била многу внимателна и отишла чекор понапред и потпишала „договор за бременост“. Со таа постапка сакала да го заштити своето дете за да по раѓањето му обезбеди луксузен живот, пишува „Daily Mail“.
Наводно, овие детали ги открил нејзин близок пријател кој изјавил дека Меган била загрижена поради можната бременост и последиците за нејзиното тело бидејќи тогаш работата и била приоритет. Поради тоа побарала од тогашниот сопруг да му обезбеди нутриционист и личен тренер кој ќе се занимава со нејзиниот изглед. Исто така имала барање за помош од дадилка.
Овие детали се појавија во јавноста неколку дена пред Меган и Хари да објават дека ќе станат родители. Минатото го остави зад себе, а поради титулата војвотка и принцеза ја остави актерската кариера.