Луна Џогани, главната ѕвезда на реалното шоу „Задруга“, летоска беше дел од снимањето на спотот за песната “Измама” во изведба на Огњен Амиџиќ, Газда Паја и Марко Кон, но во еден момент работите се развија за неа во неочекувана насока.
Гастоз, Сораја, Ана Кораќ, Љупка Стевиќ и Инди исто така учествуваа во снимањето. Видеото беше снимено на различни локации низ цела Грција.
Луна и Гастоз уште од самиот старт на снимањето покажуваа симпатии еден кон друг, па набргу очекувано, им се случи нивната летна авантура…
Тие влетаа во „летна шема“, иако во тоа време Гастоз имаше девојка по име Наида , инаку инструкторка по фитнес. Подоцна Маринковиќ призна дека фитнес инструкторката ја измамил со блогерката Луна.
Во Грција, евидентно е дека се случувало се и сешто, а најмногу – луд провод. Во рилог на ова е и видеото кое докажува дека тие двајца не ја делеле само хотелската соба, туку наголемо го делеле и креветот.