Радио Милева нови детали

Протече никогаш емитуван извадок од интервјуто на Меган Маркл: „Татко ми мора да преземе одговорност за тоа што го направи“ (видео)

Протече никогаш емитуван извадок од интервјуто на Меган Маркл: „Татко ми мора да преземе одговорност за тоа што го направи“ (видео)

„CBS“ дополнително објави исечок од интервјуто во кое Меган Маркл си ја отвори душата околу предавството на нејзиниот татко – Томас Маркл.

По напуштањето на кралското семејство, Меган Маркл и Хари првпат јавно се огласија и проговорија за сите случувања во кралскиот двор.

Имено, парот беше гостин во емисијата кај Опра Винфри и изнесоа шокантни детали.

Меган истакна дека по венчавката со Хари и биле одземени возачката дозвола пасошот и клучевите, исто така откри дека за време на бремноста размислувала за самоубиство.

фото: профимедиа

Таа истакна дека одредени членови на кралското семејство се грижеле каква ќе биде бојата на кожата на Арчи, но и дека Кејт Мидлтон ја расплакала пред венчавката со Хари.

Многумина се изненадија што Меган во интервјуто не зборуваше за својот однос со нејзиниот татко Томас Маркл со кој не е во контакт од 2018 година.

„CBS“ сега објави исечок од интервјуто кој не беше емитуван, а во него Меган зборува за предавството на нејзинио татко.

„Таблоидите наводно знаеја каде се наоѓа мојот татко еден месец пред венчавката, но чекаа една недела пред свадбата бидејќи сакаа да направат драма“, објасни Меган.

„Кога започнаа шпекулациите дека постои приказна, му се јавивме на мојот татко и го прашавме дали ги продал фотографиите. Тој одговори – апсолутно не“.

фото: профимедиа

Таа додава дека кралското семејство не интервенирало во медиумите, но и дека нејзиниот татко имал избор и можел да одбие да ги продаде фотографиите.

„Го гледам Арчи и не можам да замислам да му нанесам болка на моето дете. Не можам да замислам.  Новинарите го следеа мојот татко, тоа не е во ред, но тој мора да преземе одговорност за тоа што го направи. И од мојата мајка се обидоа да земат изјава, но таа не кажа ниту збор“, вели Меган.

Маркл неодамна го доби судскиот спор со медиумите кои го објавија писмото кое војвотката го испратила на нејзиниот татко по венчавката молејќи го да престане да комуницира со медиумите.

Поврзани теми

To top