Неодамна на „Инстаграм“ се појави фотографија од Меган Маркл од средношколските денови, а нејзините фанови не можат да веруваат дека воопшто не се променила.
Имено, на фотографијата Меган има 16 години и позира пред новогодишно дрво заедно со нејзиното тогашно момче Луис Сегур.
Меган на фотографијата изгледа весело и е насмеана, облечена во светкав, црн фустан, а многумина коментирале дека таа изгледа целосно исто како и денес, без оглед на тоа што сега има 38 години.
„Некој да ми каже дека фотографијата е направена претходната година би поверувал“, „Тогаш не знаеше дека ќе стане принцеза“, „Дали старее воопшто?“, се само некои од коментарите.
За потсетување, Меган Маркл е во брак со принцот Хари, а оваа година тие станаа родители на нивниот наследник Арчи.