Пејачката Дара Бубамара ужива во љубовната врска со 20 години помладото момче Тони.
По одморот на Малдивите, Дара и Тони заминаа на одмор на Занзибар.
Имено, пејачката долго време се обидуваше да го сокрие својот нов партнер, но јавноста набрзо дозна за кој се работи.

Пејачката досега неколку пати сподели фотки со момчето, но не го покажуваше лицето.
Меѓутоа, таа повеќе не сака да ја крие интимата, па објави селфи на кое се бакнува со Тони.

Нема сомнеж дека пејачката е заљубена и ужива во љубота со 20 годни помладиот партнер.