Синот на некогашниот тенисер, Слободан Живојиновиќ, Филип наполни 35 години.
По повод неговиот роденден, се огласи и неговата сопруга Александра Живојиновиќ некогаш Пријовиќ.
Пејачката на социјалните мрежи со емотивна порака му го честиташе роденденот на сопругот и му посака се најдобро.
„Среќен роденден на најдобриот татко. Те сакаме јас и Александар“ напиша пејачката во описот на заедничката фотографија.
Инаку, Александра и Филип се венчаа во 2018 година, а една година подоцна станаа родители на синот Александар.
Летниот одмор го поминаа на Азурниот брег во друштво на Слободан Живојиновиќ и Лепа Брена.