Ноне Неделковска, македонската пејачка иако со години веќе не пее, се’ уште е подеднакво популарна и позната како некои кои се на врвот на кариерата во Македонија. Последниве години попозната како „светска патничка“ која речиси ја обиколи планетава работејќи на големите прекуокеански крузери, во моментов е дома, на пауза во Македонија.
По роденденот кој неодамна го прослави во родниот Велес, Ноне за приомена реши малку да ја прокрстари и таковината. Дали чисто онака само заради прошетка или замина на „љубовна рехабилитација“ во природа, знае само таа самата.
Зашто, според она што како последен пост и фотографија го споделила, „најшетаната велешанка“ загрижи многумина со својата „тажна ама мудра мисла“.
Имено, по пртестојот не неколку дена во планинската „воздушна бања“ во преубавото Берово, Ноне се симна малку подолу, па Беровското планинско езеро и хранењето на елените го замени со Охридското и лебедите.
Во „македонскиот бисер“ таа уживаше во последните топли сончеви зраци кои залезот на есента ни ги носи, пред да настапат долгите, тмурни и студени зимски денови.
Со утринско кафе озарена на терасата тукушто излезена од постела, Нона Неделковска се чини го живее животот за сите пари…
А живот како живот – нека иде…
Но она што како последна порака споделила, ја заскокотка јавноста , па многумина се запрашаа дали тоа нешто убавата велешка „џепна венера“ всушност длабоко јаво неа ја мачи? Има ли Ноне љубовни јадови, кои колку и да изгледа опуштена, безгрижна и среќна, сепак ја „јадат“? Поткрепа за сомнеж во ваквата теза токму нејзината споделена Инстаграм мисла:
„Ако твоите намери се чити (чесни), ти не губиш никого… Тие те губат тебе“!
Дали и кого изгубила , односно кој тоа ја изгубил неа или нејзината љубов и доверба, остана мистерија!? Како и тоа, дали ова беа нејзини денови на прошетка или на љубовна рехабилитација во природа?
Како и да е едно е сигурно: Ретко се наоѓа така чиста и искрена душа како онаа на Нона Неделковска. А таквите љубовта и среќата секогаш ги следи и им се насмевнува. Тогаш кога им е најпотребна!
Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska