Естрадата, особено музичарите од фолк сцената, во месец декември тешко имаат слободна вечер без настапи.
Елена Велевска периодов имаше преновогодишни обврски, снимања, гостувања и мноогу настапи. Како што неодамна изјави во едно интервју, пејачката не памети кога последен пат ја дочекала Нова Година во домашна атмосфера, но по се изгледа 2020 ќе биде токму таква.
Континуираната работа, снимањата и настапите, го земаа данокот, па Велевска иако најави дека 31-ви декември ќе го помине работно како и изминатите години, таа го откажа настапот.
Пејачката на својот Инстаграм профил ја извести својата публика и сите оние кои планираа да ја слушаат за најлудата ноќ, дека настапот е откажан поради здравствени причини.
Инаку, Елена требаше да пее во еден ресторан во Радовиш. И посакуваме побрзо закрепнување и во 2020 година да влезе со здравје за извоз.