Во пресрет на 21. OFFest (1-4 јуни), Скопскиот џез фестивал, во среда, на 18 мај 2022 во „Макка бар“ во 20 часот го промовираше новото издание на SJF Records – првата дискографска објава на ПИЈАН СЛАВЕЈ.
Ова EП содржи 5 авторски композиции на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов), во вкупно времетраење од 18 минути. Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси. Pijan Slavej EP е 48. издание на SJF Records.