„Бистра вода“ е насловот на првата македонска крими-драмска серија, чиј режисер и сценарист е Јани Бојаџи.
Целосно македонска продукција, без никаква помош од државата, првата македонска крими-драмска серија инспирирана од вистински настани, наскоро ќе има своја премиера на Алфа ТВ. Според информациите, истата треба да стартува на почетокот на месец февруари годинава.
Во екипата што го создаде овој оригинален телевизиски продукт, без денар државна помош, се 70-тина актери, меѓу кои: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска…
Телевизија Алфа во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски, го промовираше трејлерот на серијата (КЛИКНИ ТУКА).