Мегафон

Промоцијата на новото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на Зоран Џорлев

Промоцијата на новото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на Зоран Џорлев

Денес, четврток,  20 декември 2018 г. во Македонската опера и балет, во салата „Империјал“ во 12 часот се одржа промоцијата на најновото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на маестро Зоран Џорлев.

На ЦД-то освен популарниот хит „Зајди, зајди“, чиј композитор е популарниот музичар, пејач и Тв водител Драган Вучиќ, има уште 14 инструментални македонски поп хитови, отсвирени од виолината на маестро Џорлев.

Ова претставува логично продолжение на неговиот претходен ваков албум, на кој исто така се најде избор од македонски евергрини.

 

To top