Мегафон промоција

Промоција на „Македонски рок времеплов“ во МКЦ

Промоција на „Македонски рок времеплов“ во МКЦ

„Драги пријатели, почитувачи на Македонската рок музика и воопшто на македонската културна сцена…

Задоволство ми е конечно да го најавам официјалниот датум на промоција на новата книга од едицијата „Македонски Музички Архив”, монографијата „Македонски рок времеплов”.

Со оглед на ситуацијата, сепак класичната промоција ќе биде изоставена за некои подобри времиња и чинот на претставување на книгата ќе биде во форма на прес-конференција која ќе се оддржи во понеделник, 15.02.2021 година, во МКЦ РЕСТОРАНТ, со почеток во 13:00 часот!“

Со овие зборови авторот Тошо Филиповски на својот Фејсбук профил ја најави промоцијата на долго чеканато негово трето дело, врзасно за македонската рок сцена, музичкото битисување во Македонија, најважните датуми и настаните кои се случувале во периодот на нејзионото постоење, години наназад.

To top