Песната „Here I Stand“ со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува земјава на Евровизија 2021 ќе биде промовирана денес, четврток (11-ти март) во „Дневник 1“ на МТВ. Вестите како и секој ден започнуваат од 17 часот и 30 минути, а Васил ќе биде гостин. Од 18 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната YouTube платформа на Eurovision Song Contest.
Песната претходно требаше да биде промовирана пред медиумите, но поради новите мерки кои ги наметна пандемијата, националниот радиодуфезер ја откажа традиционалната промоција на евровизиската песна.
“И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголем број на заразени од коронавирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза” – велат во официјалното соопштение од Македонската радио телевизиј