Мегафон

Промоција на македонска илустрирана енциклопедија за деца на Саем на книга

Промоција на македонска илустрирана енциклопедија за деца на Саем на книга

„Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ од авторките м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова ќе биде промовирана на 7.5 (понеделник) во 10 и 30 часот, во рамки на 30-тиот по ред „Саем на книга“. Промотори на енциклопедијата се  проф. Д-р Христо Петрески и учениците од ОУ„Кузман Ј. Питу“ Општина Кисела Вода од Скопје и децата од градинката „13 Ноември“ од Скопје.

Во неа се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини, како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.

Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата.

Идејно-концепциската и содржинската структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца.

Рецензенти на енциклопедијата се  проф. д-р Татјана Котева – Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска – Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет, како и на д-р Христо Петрески, писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.