Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека системот на гласање ќе се промени за претстојниот Избор за песна на Евровизија во Ливерпул. Жирито повеќе нема да гласа во полуфиналето
Наместо 50:50 гласање поделено меѓу телевоутингот и националното жири, за 10-те места од секое полуфинале отсега ќе одлучува единствено телевоутингот. Професионалното жири ќе гласа во финалето, како и обично, но останува на телевоутингот кој ќе стигне таму. Со овој систем, Албанија и Кипар би се квалификувале наместо Швајцарија и Азербејџан на Евровизија 2022 година.
Втората промена е тоа што и гледачите од земјите кои не учествуваат ќе можат да гласаат!
За прв пат досега, гледачите во земјите што не учествуваат ќе можат да гласаат. Луѓето ќе можат да гласаат преку безбедна онлајн платформа користејќи кредитна картичка од нивната земја. Собрани заедно, сите гласови ќе бидат претворени во поени кои ќе имаат иста тежина како една земја учесничка во полуфиналето и големото финале.