Радио Милева

Проклетството на “Оскарот” не ја заобиколи ниту оваа глумица: Пред 20 години ја освои наградата за главна женска улога, а после тоа сѐ тргнало надолу

Проклетството на “Оскарот” не ја заобиколи ниту оваа глумица: Пред 20 години ја освои наградата за главна женска улога, а после тоа сѐ тргнало надолу

Иако со сите сили се трудеше, Хали Бери не можела да го избегне она што во Холивуд го нарекуваат “Проклетството на Оскарот”. Имено, откако во 2002 година доби Оскар за најдобра женска главна улога за филмот “Monster’s Ball”, сите очекувале дека продуцентите ќе ја натрупаат со понуди за нови филмови, но тоа не се случило.

Иако својата статуетка ја освоила пред 20 години, Хали Бери дури сега во едно интервју открила дека била изненадена од фактот што после Оскарите речиси останала без филмови.

“Кога имаш таква историска победа, нормално е да помислиш дека сега сѐ ќе се промени. И се промени, за мене, но мојот статус во филмскиот бизнис не се промени преку ноќ. И понатаму морав напорно да работам. И понатаму морав да се борам за секоја улога и тоа во невозможни ситуации”, рекла Хали Бери која во 2002 година стана првата Афроамериканка која освои Оскар за главна женска улога.

После наградата како сѐ да тргнало надолу, па две години подоцна добила четири “Златни малини” за улогата во филмот “Жена мачка”, но за најлошо актерско и филмско остварување.

Моментално Хали Бери глуми во филмот “Bruise” кој е воедно и нејзин прв режисерски првенец, а во приказната се зборува за враќањето на посрамотената ММА борачка во ринг. Таа улога ја добила откако Блејк Лајвли ја одби.

“Ми го дадоа сценариото и се воодушевив, но беше напишано за 20 годишна бела жена од Ирска и католик”, открила Хали додавајќи: “Но, не можев да го извадам од паметот и започнав да размислувам дека можат да направат некои поправки за мене, некој кој се бори за својата последна шанса, а не на некој кој му треба уште една шанса”.

Нетфликс наводно ѝ плати на глумицата 20.000.000 долари за светска дистрибуција и филмски права.

Поврзани теми

To top