Мегафон

Професори од средното уметничко алармираат: 15 колеги се заболени, а директорот воведе настава со физичко присуство

Професори од средното уметничко алармираат: 15 колеги се заболени, а директорот воведе настава со физичко присуство

Професори од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје преку допис до јавноста се жалат од раководењето на в.д. директорот Филип Фидановски, кој, како што велат, вовел настава со физичко присуство во услови кога заболени од Ковид-19 се 15 професори.

Интегрален текст од соопштението кое е потпишано од 20 професори

Ние професорите од средно уметничко училиште Ви се обраќаме за  да ве информираме за новонастанатите неприфатливи ситуации во нашето училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје.

Самоволието  и тоталитаристичкиот начин на работа на нашиот в.д. директор Филип Фидановски  ги надминува сите граници на нормалност. Неговите испади и незаконито работење во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, станаа секојдневие.

Имено, сакаме да ја известиме јавноста дека в.д. директорот Филип Фидановски во овие услови на пандемија со преку 50 починати дневно и забрана за групирање на повеќе од 4 лица, воведе 8 часовно работно време за професорите  и повторно воведе настава со физичко присуство. Сето ова во услови на заболени 15 професори. И самиот в.д. директор е заболен и не доаѓа на работа, но од дома се чини полесно му е да дава наредби.

Иако советот на родители писмено реагираше против настава со физичко присуство в.д. директорот не сакаше да ја стави оваа точка на дневен ред на последниот наставнички совет.

В.д. директорот во училиштето владее тотално диктаторски. Тој не дозволува конституирање на училишен одбор иако се избрани преставници од професорите и родителите преку советот на родители. Тој ова го прави бидејќи неговиот мандат на в.д. истекува за еден месец, а започнувањето на постапката за избор на директор согласно законот за средно, започнува три месеци пред истекот на мандатот. Нашиот в.д. директор сеуште нема лиценца за директор и е поставен незаконски за в.д., спротивно на член 91 од законот за средно образование.

Ние потпишаните професори не реагираме по прв пат во однос на работата на в.д. директорот. Досега повеќе пати е реагирано до инспекторатот, министерката и премиерот. Загрижени сме дека ова нема да биде ни последен пат. Затоа што тој „владее“, а не „раководи“.

Тој не сака или незнае да соработува со колективот. Подршката на своето владеење  уште на самиот почеток ја бара само во министерството, односно кај моќниците кои се на позиција, наместо да ја бара во колективот. Не умее или не сака да ја негува култивираната комуникација ниту во соработката со родителите, ниту со учениците. Тој не умее да ја добие довербата од другите, да покаже разбирање за чувствата на другите, да обезбеди сојузништво и подршка, да ја спроведе политиката на училишниот одбор, а не само на министерката, да го пренесе мислењето на колективот дури и кога не се согласува со истото.

Истовремено одбива да ги спроведе одлуките на сите легитимни тела во училиштето како стручниот актив, општообразовниот актив и советот на родители и одбива да го спроведе конституирањето на училишниот одбор кој самиот со помош на МОН и ДПИ го распушти. Со ова се обидува да го држи училиштето во правен мрак каде тој самиот може непречено да носи одлуки без притоа да биде консултирано ниедно друго тело.

Ние професорите, досега покажавме голема толеранција спрема петмесечниот сталинистички стил на негово владеење, надевајќи се дека ќе се вразуми. Овој целосно некомпетентен човек ги поседува сите одлики на владетел од минат период.

To top