Ќерката на Анабела Атијас, Луна, која моментално се наоѓа во ријалити шоуто „Задруга2“, заврши во болница.
Блогерката е пренесена во КБЦ Земун на преглед, а како што пишуваат српските медиуми, Луна е болна, па затоа продукцијата ја однела на лекар.
По завршетокот на прегледот и излегувањето од болницата, Луна била насмеана пред медиумите, се поздравила со нив и влегла во комбето.
Инаку, во истата болница е хоспитализиран и Дарко Лазиќ, па медиумите имаа дополнителна работа кога во здраствената установа се појави и Луна.