Радио Милева

„Продававме лични работи за да снимаме песна“: Анабела искрена за немаштијата и тешкиот период

„Продававме лични работи за да снимаме песна“: Анабела искрена за немаштијата и тешкиот период

Анабела Атијас и нејзиниот поранешен сопруг гаги Ѓогани, во 90-тите години уживаа голема популарност, меѓутоа зад славата се криеле исклучително тешки моменти низ кои минувале.

Анабела признава дека таа и Гаги, кои тогаш ја сочинуваа групата „Фанки Џи“, се соочиле со немаштија и дека се снаоѓале како знаат и умеат.

-Најмногу сум горда на фактот дека нас никој финансиски не ни помогна. Живеевме тешко и ги продававме личните работи за да финансираме песна или спот. Но песната беше таа која нам ни го трасираше патот до успехот во деведесетите, кога постоеја две телевизии и два магазина, вели пејачката за „Курир Старс“ и додава дека не би сакала да се врати во тоа време:

фото:инстграм/анабелаатијас

-Не би сакала да се вратам во тоа време бидејќи не сум некој што е среќен кога некои други се несреќни околу мене, а тогаш беше многу тешко, раскажува Анабела.

To top