Неодамна во домашните медиуми се пишуваше дека македонската манекенка Катарина Ивановска е во љубовна врска со претседателот на ККС, Перо Антиќ.
Жар на оган е ласкањето во коментари кое осамнува под објавите на Инстаграм на Кики и Перо.
Исто така, чаршиските муабети се зголемија кога во еден скопски ресторан се најдоа: Тамара Тодевска, сопругот Александар, Катарина и Перо, па иако фотографиите беа објавени одделно, јасно беше дека се дружеле на исто место и во исто време.
Неодамна, Ивановска гостуваше во „Жешко столче“,а на прашањето дали дресот со број 6 и е омилен, а таа не баш сакаше да одговори и само кусо со симпатична насмевка рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“
Исто така и Перо беше гостин во „Жешко столче“, а на парашањето дали е точно тврдењето: Каде што има чад има и оган“, Антиќ одговори: „Види, секогаш каде што има чад има и оган“.
Перо и Катарина за првпат објавија фотографија со која уште повеќе ги „разгореа“ шпекулациите дека се заедно.
Дали меѓу нив има нешто повеќе од пријателство останува да видиме.