Голем број алфи и полицајци попладнево го опколија домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Козле.
Пред малку, специјалната обинителка која вчера даваше исказ пред Обвинителството за случајот „Рекет“, сама и без лисици влезе во едно од полициските возила.
Дали „специјалната“ ќе биде изведена пред судија на претходна постапка во која треба да се одлучи дали ќе и биде одреден притвор или не, или Јанева оди само во СЈО, каде медиумите објавија дека ќе се врши претрес во канцелариите при што ќе следува запленување на комјутери, се’ уште не е познато.