Радио Милева
фолкерот приведен

Притворен Дарко Лазиќ: Возел пребрзо и без дозвола, под дејство на алкохол и кокаин, откако претходно лумпувал со пејачката осомничена за проституција

Притворен Дарко Лазиќ: Возел пребрзо и без дозвола, под дејство на алкохол и кокаин, откако претходно лумпувал со пејачката осомничена за проституција

На пејачот Дарко Лазиќ му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред судија за прекршоци, дознаваат белградските медиуми.

Лазиќ е приведен утрово околу 4 часот на автопатот во Нов Белград.

Според  информации на Пинк.рс, Дарко Лазиќ бил приведен поради пребрзо возење. Тој возел 117 километри на час на местото каде што максимално дозволеното е 80 километри на час.

Му бил направен и тест за дрога, како и алкотест, кој покажал дека е позитивен на кокаин, а му биле измерени и 0,91 промили алкохол во крвта.

Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година, шо значи дека оттогаш возел „на диво“.

Инаку, Дарко вчеравечер  бил на прославата на роденденот на познатиот боксер Марко Николиќ. На забавата пристигнал нешто пред полноќ, сам, без својата девојка Барбара Бобак. Пејачот дури го зел микрофонот в раце и пеел, а на неговата маса била  и колешката Душица Грабовиќ, која неодамна ја поврзуваа и обвинија за организирање проституција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Nikolic (@markonikolic_box)

Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial/markonikolic_box

Останати вести од Радио Милева