Џастин Бибер во септември претходната година се ожени со Хејли Болдвин, а по тој повод денеска организираат раскошна свадба и прослава со нивното семејство и пријатели.
Прославата ќе биде во еден луксузен хоте во Јужна Каролина. Парот со глисер пристигна на местото каде ќе биде свадбата за да ја направи првата генерална проба пред официјално да започне прославата.
Хејли беше облечена во кратко бело фустанче, а пејачот се појави во бела кошула и црни панталони.
Местото кое го одбрале за проба е прекрасно, а масите се декорирани со цветни аранжмани, од таванот висат корпи со зеленило, а гостите уживаат во поглед кон река и природа.
За потсетување, Хејли во саботата правеше моминска вечер.