Радио Милева

Принцот Вилијам првпат се огласи по одлуката на Хари и Меган: „Не можам повеќе да го поддржувам“

Принцот Вилијам првпат се огласи по одлуката на Хари и Меган: „Не можам повеќе да го поддржувам“

„Цел живот го поддржував брат ми, но повеќе не можам“, изјави принцот Вилијам откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности.

Тој изјави дека е тажен поради одлуката на принцот Хари да се повлече од кралското семејство.

фото: профимедиа

„Цел живот сум тука за него, го заштитувам, но веќе не можам. Ние сега сме два различни света и сè што можам да направам е да го поддржам во она што го прави и да верувам дека еден ден повторно ќе бидеме на истата страна, во истиот тим“, изјавил принцот, а изјавата ја пренеле „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство.

Кралицата Елизабета (93) го поканила својот внук, принцот Хари на „итен состанок“ за да разговараат за идните негови ангажмани и ангажманите на неговата сопруга, Меган Маркл.

фото: ап

Принцот Чарлс и принцот Вилијам ќе присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи утре на кралскиот имот во Норфолк.

To top