Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ доби титула за најсексипилен маж на светот.
Ова истражување го направи „The Sun“, а додека многумина се согласуваат други тврдат дека има многу подобри кандидати од него.
Спомнатиот таблоид ги анализирал пребарувањата и весниците на „Гугл“ и тоа оние кои во себе го содржат зборот „секси“. Така е откриено дека покрај името на принцот Вилијам зборот секси се појавува 17,6 милиони пати.
Негова конкуренција биле Мајк Тајсон, Џејсон Статам, Питбул, Мајкл Џордан, Џон Траволта, Брус Вилис и секако Двејн Џонсон и Вин Дизел.
„Тој не е ни најсексипилен маж во своето семејство“ гласеше коментар на еден незадоволен корисник.