Радио Милева

Принцот Вилијам прекрши кралско правило, па предизвика лавина од коментари (фото)

Принцот Вилијам прекрши кралско правило, па предизвика лавина од коментари (фото)

Принцот Вилијам за време на неговата посета на Ирска прекрши строго кралско правило.

Имено, членовите на кралското семејство секогаш мора да се придржуваат на протоколот, а кршењето на одредени правила носи и последици. Познато е дека не смеат да се фотографираат со фановите или да потпишуваат автограми.

Сепак, принцот Вилијам одлучи да направи исклучок кога Џенифер Малон го замоли да направат селфи.

Нејзината мајка оваа снимка ја објави на Твитер, а истата доби многу коментари.

фото: принтсркин/твитер

„Џенифер, мора да си неверојатна и убава млада дама. Очиглено дека ни принцот Вилијам не одолеа, а да не се фотографира со тебе. Најдрага“, „Прекрасни фотографии. Принцот Вилијам е дружељубив“ се само  некои од коментарите на социјалните мрежи.

Ова не е првпат Џенифер, која има Даунов синдром, да се фотографира со познати личности. Минатата година таа направи селфи со актерот Хју Џекмен.

To top