Британскиот престолонаследник , принцот Чарлс ги учел своите синови за време на празници да го собираат отпадот, открива неговиот најстар син, принцот Вилијам во разговорот воден по повод 70. роденден на Чарлс.
-Одевме со стапови, собирајќи ѓубре во вреќи, вели Вилијам. „Двајцата мислевме: Па добро, ова е сосема нормално, секој тоа мора да го работи“ вели тој за ББС.
Каналот имаше ексклузивна дозвола изминатите 12 месеци да го снима филмот „Принц, син и наследник: Чарлс во 70“. Во документарецот Вилијам заедно со својот помлад брат, го коментира говорот на принцот од 1970 година во која тој предупредува на опасноста од пластичниот отпад и истакнува како татко му влијаел на подигање на еколошката свест.
-Колку ли пати отсуствував од училиште за да собирам отпад, вели Хари додавајќи дека и денес кога ќе види некој отпад тој едноставно го собира.
-Јас сум програмиран да го правам тоа, затоа што тоа го прави мојот татко, а треба и ние, вели Хари.
Инаку, фиолмот „Принц, син и наследник: Чарлс во 70“ ќе биде прикажан во четврток, на ББС.