Александар Кнежевиќ Кнеле – жестоко момче, предводник на таканаречената белградска „дизел генерацијата“, честопати нарекуван „Принц на белградскиот асфалт“, наводно опсесија му бил автомобилот „Порше“ на тогашната многу популарна лото девојка и пејачка, Сузана Манчиќ. Со години се шпекулирало дали на крајот го украл од лото девојката, а неговата голема љубов конечно ја открива вистината по повеќе од 20 години.
Како што се зборуваше, првиот сопственик на автомобилот бил Влада Ковачевиќ Треф, а следна сопственичка била лото девојката Сузана Манчиќ. Оддамна кружеле прикани низ Блград дека Кнеле го обожава тој автомобил и само било прашање на ден кога ќе се реши да и го земе на презентерката.
Сепак, неговата поранешна девојка и најголемаљубов конечно го негираше тоа.
„Не е точно дека Кнеле го украде автомобилот на Сузана! Јас бев со него кога го купи од мажот и, на „Бубањ Поток“, објаснува таа на Фејсбук страницата „Легендите на деведесеттите“.
Патем, се’ уште се раскажува инцидент во Белград кога Кнеле, наводно, една вечер се приближил до еден човек во преполното казино на хотелот Југославија и пред сите негови гости, му го извадил скапиот рачен часовник марка „Ролекс“ и му ги земал клучевите од џипот „Крајслер Вранлер“. Го понижи човекот кого не смеел, па се шпекулираше дека ова бил почеток на неговиот крај.