Радио Милева

Принцот Луис за првпат на балконот на кралската палата ги забавуваше Британците (видео)

Принцот Луис за првпат на балконот на кралската палата ги забавуваше Британците (видео)

Во саботата, принцот Луис дебитираше на „Trooping the color“ и со тоа го украде целото шоу на остатокот од кралското семејство.

14 месечното момченце ја откри вообичаената навика на децата од негова возраст – го цицаше палецот. Луис заедно со братот и сестричката беа на балконот со останатите членови на кралското семејство.

Кога почна да го цица палецот, неговите родители се обидоа да го спречат. Додека Вилијам го држеше Луис, се обиде внимателно да му го тргне палецот.

Војвотката од Кембриџ се обиде да помогне, извлекувајќи му го прстот од устата. Тогаш детенцето премина на плескање и мавтање со рачето.

За првпат малиот принц ги забавуваше присутните и го имаше целосното внимание, па другите паднаа во негова сенка.

To top