Радио Милева

Принцот Хари за првпат се обрати во јавноста по драмата во кралското семејство – еве што порача (видео)

Принцот Хари за првпат се обрати во јавноста по драмата во кралското семејство – еве што порача (видео)

Принцот Хари се обрати пред јавноста за првпат по драмата која ја тресе Велика Британија и кралското семејство, откако тој и неговата сопруга Меган Маркл одлучија да се одвојат и да се откажат од кралските задолженија.

Имено, на официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Сасекс е објавено видео од обраќањето на принцот Хари, а темата е спортски игри.

Иако се наоѓаат во екот на драма, Хари продолжил со своите обврски, а на социјалните мрежи зборува за игрите “Инвиктус” кои претставуваат меѓународен адаптивен мултиспортски настан чиј основач е токму принцот.

фото:инсатграм

Тој изјави дека “приказната продолжува” откако го најави продолжението на “Инвиктус Гејмс”, спортски игри за повредени воени ветерани кои принцот Хари ги основал во 2014 година.

Војводата од Сасекс исто така зборува за силата на игрите во лекувањето, неколку дена откако тој и Меган објавија дека се откажуваат од своите улоги кои ги имаат како членови на кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

Here we come Düsseldorf ??! The new home for the 2022 and sixth Invictus Games. Having previously been held in London, Orlando, Toronto, Sydney, and upcoming The Hague this year in May – Düsseldorf will welcome over 500 competitors as they showcase their talents, determination and camaraderie to the world! The #InvictusGames is an international adaptive multi-sport event, created by The Duke of Sussex, in which wounded, injured or sick (WIS) armed services personnel and veterans show the world what they’re capable of in a series of adaptive sports, ranging from wheelchair basketball to indoor rowing. The Duke, having spent 10 years serving in the Armed Forces, set up the @WeAreInvictusGames to celebrate the power of sport rehabilitation (both physically and mentally) and to generate a wider appreciation for those who served their country beyond their time in uniform. Participating in the Games plays a significant part in the recovery journey of WIS Servicemen and women. It doesn’t just heal the individual, it heals the whole family. • “I hope everyone in Germany is ready for what will be an incredible week of sport! I have no doubt that the German public will get right behind these Games and that every single competitor can expect a warm welcome and an amazing atmosphere.” – The Duke of Sussex For more information of the announcement, visit https://invictusgamesfoundation.org/ig2022-announcement/ Video © @WeAreInvictusGames

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

Преку игрите, ранетите, повредените или болни припадници на вооружените служби и ветераните, му покажуваат на светот за што се способни преку низа адаптивни спортови, во распон од кошарка во инвалидски колички до веслање во затворено.

Принцот Хари служел 10 години во вооружените сили, а овој пат имал и јасна порака.

“Се надевам дека сите во Германија се спремни за неверојатната недела на спортот. Не се сомневам дека германската јавност ќе се најде зад овие игри и секој натпреварувач може да очекува срчедно добредојде”, рекол Хари во обраќањето.

Видеото за само половина час го погледнале половина милион луѓе. Принцот најави дека следните спортски игри за воени ветерани ќе бидат одржани во 2022 година во Дизелдорф, Германија.

To top