Кралските браќа, принцот Вилијам и принцот Хари често се наоѓаа на мета на медиумите, а често се пишува дека се во лоши односи.
Сега принцот Хари одлучи да стави крај на шпекулациите за наводната кавга меѓу двата принца и откри во каков однос е со неговиот брат.
„Ние сме браќа и секогаш ќе бидеме браќа. Моментално, ни се разделени патиштата, но секогаш ќе бидам тука и знам дека тој ќе тука за мене. Не се гледаме како порано, многу сме зафатени, но многу го сакам“ вели принцот Хари.
Хари, Меган, Вилијам и Кејт беа наречени фанастачна четворка кога заедно работеа на организација на фондацијата за хуманитарна помош. А потоа, објавија дека се разделуваат, па дека наводно само Вилијам и Кејт ќе работат на тоа. Во тоа време, тие ги демантираа пишувањата за меѓусебната завист, туку нагласија дека секој се подготвува за своите улоги.
За потсетување, Меган и Хари најавија дека од средината на ноември кога ќе им завршат кралските должности, ќе се повлечат од јавност и ќе се посветат на семејството.