Радио Милева

Принцот Хари објави дека со сопругата и синот го напуштаат кралството

Принцот Хари објави дека со сопругата и синот го напуштаат кралството
фото:инсатграм

Не за џабе рекле дека каде што има чад, има и оган. По многуте шпекулации на медиумите дека односите во британското кралско семејство се разнишани, принцот Хари на социјалните мрежи објави дека со сопругата Меган Маркл и синот Арчи се повлекуваат од кралството.

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, одлучија да се повлечат од кралските обврски како возрасни членови на кралското семејство и да станат финансиски независни.

Според изјавата, тие сакаат да работат за да бидат независни, додека продолжуваат целосно да ја поддржуваат кралицата Елизабета Втора.

Во соопштение тие наведуваат дека оваа година тие одлучлиле да играат прогресивна нова улога во рамките на таа институција.

фото:инсатграм

„Имаме намера да се повлечеме како постари членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, додека ние продолжуваме целосно да ја поддржуваме Нејзиното Височество кралицата. Со вашето охрабрување, особено во изминатите неколку години, чувствуваме дека сме подготвени да го направиме тоа прилагодување “.

„Планираме да го поминуваме времето на релација Велика Британија – Северна Америка, продолжувајќи да ги исполнуваме нашите должности кон кралицата и Комонвелтот. Оваа географска рамнотежа ќе ни овозможи да го израснеме нашиот син со благодарност за кралската традиција во која се роди, а истовремено ќе му обезбеди простор на нашето семејство да се фокусира на следното поглавје, како што е започнувањето на нашата хуманитарна организација“, наведуваат тие во пораката на Инстаграм.

Останати вести од Радио Милева