Принцот Хари (35) отворил профил на „Инстаграм“ кога започнал да се забавува со Меган Маркл.
Според пишувањата во „Finding Freedom”, принцот Хари отворил профил на социјалните мрежи за да следи тогашната нова девојка.
Исто така се тврди дека Меган пред да се омажи за Хари била љубител на социјалните мрежи, дури имала и блог “The Tig”, а го следела и профилот @SoujeyMau5 кој наводно припаѓал на Хари.
Наводно, Хари го избрал ова име поради љубовта кон хаус музиката, а Мау го додал поради неговиот омилен диџеј – DeadMau5.
Според пријателите, Меган и Хари се заљубиле на прв поглед.
Во книгата исто така пишува дека парот наводно се верил два месеци пред да ја извести јавноста.