Меган Маркл и Хари испратија моќна порака на светот кој моментално се бори со коронавирусот, па открија како планираат да помогнат.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението кое е обајвено на нивната официјална страница.
„Ова се несигурни времиња. А сега многу повеќе сме потребни едни на други. Потребни сме едни на други за поддршка и да се чувствуваме помалку осамени во текот на ова лошо време“ напиша принцот и додаде:
„Целиот живот зборувам за солидарноста. Целиот нас живот е на некој начин погоден. Многу е важно да пристапиме со емпатија и љубезност кон другите во нашата заедница.
Во следните неколку недели тоа ќе биде наш водич. Ќе делиме информации и ресурси за да ви помогнеме, од објавување на точни информации и факти од стурчни лица до мерките кои може да ги преземете за да го зачувате своето здравје и здравјето на своето семејство“ пишува Хари.
„Освен тоа, ќе се фокусираме на приказните како тоа се позврувате на разни начини за да бидете поддршка едни на други. Сите сме заедно во ова и како глобална заедница можеме да се поддржиме едни со други во текот на овој процес. Се радуваме што ќе се дружиме со вас во текот на следните денови и недели“ пишува во соопштението.