Странските медиуми пишуваат дека принцот Хари доживеал нервен слом и итно е пренесен во психијатриска болница.
Здравствената состојба на принцот Хари се влошува со текот на годините, особено откако поминал 10 години служејќи војска, а капка која ја прелеала чашата е разделувањето од кралското семејство и тешкиот потег кој го донесе за да ја заштити сопругата Меган Маркл од британските медиуми.

Тој самиот во една прилика изјави дека не сака на неговата сопруга да му се случи тоа што му се случило на неговата мајка.
„Хари призна дека не може да верува колку му се променил животот и се му тргнало наопаку. Меган го принуди да го отфрли своето семејство, пријатели за да таа го следи својот сон и да стане холивудска ѕвезда“ вели извор и додава дека Хари се чувствува осамено бидејќи во Лос Анџелес нема пријатели.
“Единствените луѓе со кои тие се гледаат се ѕвезди од Холивуд со кои Меган се спријателила за да ја отпочне својата кариера и да стане суперѕвезда”, рекол изворот и опишал како дошло до нервниот слом:

„Хари и Меган се расправаа како ќе изгледа нивниот живот во САД кога ќе завршат мерките за заштита од корона, а токму тоа го доведе Хари до нервен слом. Заврши во болница за лекување на ментални болести. Слушнав и дека боледува од пострауматски стрес, кој го предизвикал смртта на неговата мајка, а сегашната ситуација и траумата поради одвојување од кралското семејство ја влошило неговата состојба”.