Британскиот принц Чарлс е потврдено дека се заразил со коронавирус пред скоро две недели, откако имал контакт со заразениот принц Алберт од Монако.
Чарлс е во изолација во замокот Балморал во Шкотска, заедно со неговата сопруга Камила, која е негативна за вирусот. Во кралството владее вознемиреност и страв, а истото чувство го дели и принц от Хари кој е во Канда.
Поранешниот војвода од Сасекс се врати во Канада пред нешто повеќе од две недели од неговиот последен кралски ангажман во Англија.
– Принцот Хари се чувствува беспомошен додека ги слуша вестите за неговиот татко од далеку. Тој посакува да може повеќе да му помогне, но Меган јасно стави до знаење дека не сака да патува никаде во моментот и дека треба да мисли за здравјето на своето тричлено семејство – добро информирани извори раскажуваат за Аваз.
– Целата оваа ситуација ги направи малку поблиски. Меган и Хари постојано се во контакт со Лондон и се ставија на располагање доколку можат да помогнат од Канада. Фрустрирани се од целата оваа ситуација – додаде изворот.
Инфицираниот принц Чарлс(71) се чувствува добро, има слаби симптоми и тим лекари се грижат за неговото здравје и го следат. Кралицата Елизабета, која била во контакт со нејзиниот син, принцот Чарлс, пред две недели, според извештаите на британските медиуми, нема никакви симптоми и се чувствува добро и е безбедна во нејзината резиденција.